Планираните активности на подигање и уредување на јавните зелени површини деновиве ги отпочнуваме на повеќе локации низ јавното зеленило. Според усвоената Годишна програма за работа за 2022 година на претпријатието, а во заедничка координација со Градот Скопје, на јавните зелени површини предвидено е оформување на нови зелени површини, паркови,  засадување на дрворедни садници, зимзелени садници со покривки, декоративни садници како и грмушести растенија. Покрај новите и постојните зелени површини, планирано е дополнителните садници да се постават и во постојното средишно и странично зеленило по должината на булеварите и на магистралните улици.

За тоа говори и денешното уредување на страничното зеленило на бул.Србија кое доби нов лик. Така,  екипите ќе засадат нови зимзелени и  листопадни садници,  како и  украсни грмушки кои ќе го красат овој дел од булеварот. Композитно распределено новото зеленило како содржина давајќи ја својата пејзажна слика, ќе придонесе и во процесот како прочистувач од аерозагадувањето. Раззеленувањето на јавните површини со нови садници ќе се одвива етапно низ скоро сите скопски општини, каде активностите на садење ќе се интензивираат особено во пролетните месеци.

Share