Изминатиов период екипите од Секторот Вонградско зеленило во соработка и по налог на Град Скопје, интензивно работеа на изработка и подигање на нови парковски елементи на повеќе локации низ Парк на природата „Гази Баба“. Во паркот  целосно се изработија и поставија два нови видиковци во близина на зеленилото кај П.З.У Ремедика, како и кај широката полјана. Исто така, се изработија и два големи рекреативни елементи, еден мал рекреативен елемент, дрвена куќичка за деца и пет комплети на маси со клупи. Новите парковски елементи  целосно се вклопуваат во дел на понудените содржини за посетителите на паркот, како за одмор и рекреација, така и за забава и игра на најмалите посетители, децата. Истовремено, екипите изработија и нов парк за миленици со соодветни елементи, каде сите љубители на домашни миленици, сега имаат можност да го користат овој уреден пак за своите миленичиња, како комплетен уреден урбан парк. Воедно, во убавите топли денови ги покануваме граѓаните да дојдат и го посетат паркот Гази Баба, но со укажување на голема свесност и одговорност за чување и заштита како на зеленилото и природата, така и на парковската опрема.

Share