Еко-акцијата „Генералка викенд 2022“ која денес започна во парк шумата Водно, со што се изврши чистење на зеленилото, пешачките  патеки и падините на Водно од расфрлен одпад и смет, успешно се спроведе. Акцијата предводена од градоначалничката Данела Арсовска, зедно со волонтери и екипи од јавните градски претпријатија, како и со поддршка на општините, амбасади  и општествено одговорни компании беа дел од акцијата за чистење. Давајќи несебичен придонес во целите за заштита на животната средина и природа, нашите вработени секогаш се дел од вакви акции со активности на чистење и средување на јавните зелени површини и паркови. Со акцијата се чистеа локациите на пензионерската патека кон Средно Водно, асфалтниот пат, потегот од Средно Водно до полициската станица – пешачката шумска патека, паркинзите, кај црквата, а група на волонтери го чистеа и потегот кон Матка. Оваа акција за собирање на одпадот покрај тоа што има за цел да поттикне и создаде навики за идните генерации има за цел и да прерасне во традиција со што за секои 10 килограми собран отпад, ќе биде засадено едно дрвце.

Share