Теренските екипи деновиве  вршат интензивни активности на уредување на вегетацијата на кејот на реката Вардар во кординација со Град Скопје и другите  јавни претпријатија. Уредувањето  започна на потег од Железниот мост, долж  десното течение на реката Вардар кон мостот Гоце Делчев, како и на  потег од Железниот мост долж левото течение на реката Вардар кон вливот на Серава, како и од вливот на Серава по левото течение кон пешачкиот мост во Градскиот Парк.

Денес, екипите продолжуваат со косење на зеленилото и уредување на вегетацијата на кејот на Вардар, на потег од паркот на езерата кон мостот Близнак, од паркот на езерата кон ПИОМ, од Камени мост кон мостот на булевар Филип Втори како и од пешачкиот мост во Градскиот парк по течението на левата и десната страна на реката Вардар.

Екипите со содветна механизација работат на косење на тревните површини, сечење избојци, косење на обрасната нискостеблеста вегетација,  чистење на површините на косините и ширините од коритото на реката Вардар. Исто така, екипи од Секторот дрвореди извршија кастрење на диво нискостеблеста израсната вегетација.

Се изврши и санација на 27 клупи на кејот, на потег од Железниот мост до Канал 5ТВ и на 36 дрвени талпи за седење, на скали карши вливот на Лепенец во Вардар, односно нивно фарбање, прицврстување, и менување на истите онаму каде недостасува.

Share