На новоформираниот зелен коридор во населбата Бутел 1, изминатиов период интензивно се работеше на негово целосно хортикултурно уредување. Новиот лик и дополнителното зеленило во овој предел од општината, на кои се работеше се одвиваа етапно, каде што првиот дел од улицата Бутелска1 се уреди со површина од 1.496 квадратни метри. Продолжувајќи долж улицата се уреди и вториот дел  со површина од околу 1.550 квадратни метри. Реализацијата се одвиваше етапно започнувајќи со отстранување на шут, прекопување на почвата, нанесување на нова почва, рамнење на површната, поставување на систем за полевање и формирање на тревник. Новопредвиденото зеленило се уреди со зимзелени и листопадни садници  како и грмушки кои функционално се прилагодени на просторот.

Исто така, во овој проект  се опфати и се уреди јавната зелена површина која се наоѓа на раскрсницата на ул. Бутелска со ул.Призренска, спроти црквата Св.Јован Крстител со површина од 790м². Вака уредниите површини веќе се вбројуваат во новите уредени зелени површини во општина Бутел.

Share