Нови листопадни и зимзелени садници деновиве се садат на повеќе локации во градот. Активностите на садење ќе се одвиваат етапно, на веќе планирани локации низ зеленилото покрај  булеварите и парковите. Надополнување на зелените површини  во градот со нови садници, е дел од планираните утвредни проекти во програмата за работа на претпријатието  во соработка со Градот Скопје. Потребата од дополнување со нови садници на јавните зелени површини е со цел подобрување на животната средина средина и збогатвање на урбаното зеленило.

Квалитетна и здрава животна околина е  основен предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, од каде произлегува нашата заложба за постојана и квалитетна грижа за зеленилото.

Share