Системската мерка за елиминирање на можностите за корупција во рамките на градот и спречување на какви било судир на интереси е постапката на ветинг која Град Скопје за прв пат ја започна.  Така, вчера директорот Сотировски, заедно со директорите на останатите јавни претпријатија ја потпишаа постапката за ветинг. Воспоставувајќи одржлив систем за интегритет во рамките на јавните претпријатија под ингеренции на градот, ова е системска мерка за елиминирање на можностите за нула толерација за корупција.  Со тоа, Градот Скопје и јавните претпријатија ќе продолжат со спроведување на новата политика на интегритет за јакнење на етичкото и професионално постапување во градската администрација.

Share