Поради екстремно високите температури во следниве неколку дена кога ќе биде зафатена територијата на целата држава и подрачјето на град Скопје, а со тоа и зголемениот ризик од пожари, од денес 21.07.2022година укажуваме на совесно и одговорно однесување при посета на јавен простор, особено во парковите и парк-шумата Водно и Парк на природата Гази Баба.
Оттука, АПЕЛИРАМЕ на зголемена будност и мобилност до сите граѓани, поради заштита на безбедноста и евентуално ширење на пожари. Препорачуваме при престој на јавните површини да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња, бидејќи претставуваат потенцијална опасност за животна околина. Исто така, доколку забележите пожар веднаш да пријавите на Противпожарната бригада на телефон 193 или во Центарот за управување со кризи на телефон 195, или на телефонот 122.