Покрај уредување на зеленилото, и одржувањето е едно од приоритетите кон што деновиве се насочени активностите на нашите екипи. Особено во овој период за вегетацијата е карактеристично кроење на дрвјата и оформувањето на крошните. Така, денес екипи од Сектор „Дрвореди“  во заедничка координација со ЈКП 2007 Гази Баба,  започнаа со голема акција на кастрење на дрвјата. На повеќе локации низ зеленилото во општина Гази Баба, почнувајќи од паркот во Колонија екипите ќе работат на кастрење на дрвја за кои има издадено Решение за кастење од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје.  Со соодветна механизација екипите ќе извршат кастрење на гранките на дрвјата на висина од 12 до 18 метри, при што согласно  планираните активности и временските услови, акцијата е предвидена да се одвива во наредните неколку денови.

Share