Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на променливо време, со умерен до засилен јужен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во нивна непосредна близина, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици.
Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од силниот ветер, ве молиме веднаш да ја пријавите на бројот за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат внимателни.
Share