Во централното градско подрачје, кај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се засадени нови садници, а дополнително се уредени и жардиниерите од двете страни на Камениот мост со нови украсни садници.

Во паркот кај спомен-обележјето на Мајка Тереза се одвиваат активности за косење и уредување на тревните површини.

Есенските бои на дрвјата внесуваат посебна убавина и топлина во градскиот амбиент, правејќи ги зелените површини уште попривлечни.

Share