Денес, ЈП „Паркови и зеленило“ се приклучи кон големата еколошка акција во организација на Град Скопје, под мотото „Не оставај ѓубре. ОСТАВИ ПРИМЕР!“
Во акцијата активно учествуваа директорот Муамер Сефери, вработените од администрацијата, оперативните екипи заедно со службите од Флораком и Луна ДООЕЛ.
Со заеднички ангажман се собираше отпад и хартија и се расчистуваа зелените површини, со цел да придонесеме кон почиста, уредна и поздрава животна средина.
Секој чекор е важен. За почиста средина – оставаме пример и продолжуваме со акцијата и во наредниот период
Share