Во парк „Бранители“ во Драчево се реализира садење на зимзелени и листопадни садници во жардинерите, како дел од активностите за уредување на просторот.
Активностите продолжуваат долж бул. „Партизански одреди“, каде што екипите вршат поткастрување и обликување на крошните на дрвјата.
Дополнително, во парк Чаир, кај стадионот, се врши уредување на зелените површини со косење на тревата и собирање хартија и отпадоци.
Екипите продолжуваат со редовно одржување на јавните зелени површини.
Share