Со особена гордост споделуваме дека вработените од сите сектори, вклучувајќи ги и од администрација на ЈП „Паркови и зеленило“, Флораком и Луна Дооел, освоија повеќе признанија на 32 -та “Комуналијада” , односно традиционалните синдикални спортски игри за вработените од јавните претпријатија при СУТКОЗ.
Спортските игри се одржаа од 4 до 7 јуни во Охрид каде нашите вработени постигнаа одлични резултати во спортските дисциплини:

Прво место – Аранжирање на цвеќе

Прво место – Куглање (мажи)

Второ место – Фудбал

Второ место – Куглање (жени)

Второ место – Влечење јаже (мажи)

Трето место – Пикадо (жени)

Трето место – Баскет (мажи)

Овие успеси се резултат на тимскиот дух, посветеноста и спортската енергија на нашите колеги, кои достојно го претставуваа претпријатието.
Упатуваме искрени честитки до сите учесници за освоените признанија и успешното претставување на ЈП „Паркови и зеленило“.