Теренските екипи реализираат активности за уредување и разубавување на зелените површини во општина Ѓорче Петров.
Во тек е садење на нов цветен расад од видовите тагетес и цинија, при што се засадени над 2.000 коренчиња пред споменикот и во паркот, со што дополнително се збогатува зеленилото и се подобрува амбиентот за граѓаните.
Паралелно со овие активности, се врши и редовно полевање на цветниот расад, со цел негово правилно одржување.
Share