Зеленилото е наш приоритет. Тоа е она кон кое се стремиме со сета одговорност кон генерациите кои што доаѓаат пред нас. Како наша доверена задача, а и на сите одговорни институции, со сиот труд, посветеност и грижа најстојуваме низ сите овие години да придонесеме во уредувањето и подигнувањето на повеќе зеленило за сите нас, за градот.
Точно на 1.03.1961 година со трансформација се формира Комунaлно-производно претпријатие „Паркови и зеленило“. Денес, со навршени 61 година од постоењето како Јавно Претпријатие, низ сите овие години посветено и со сите ресурси се трудиме да овозможиме што повеќе зелени површини.