Во денешните активности на екипите за средување и уредување на зеленилото во Градскиот парк увид направи директорот Сефи Шабани.

Поздравувајќи ја ангажираноста на екипите, директорот им посака пријатна работна атмосфера во извршување на активностите за доуредување на цветните леи во паркот со сезонски расад, косење на тревните површини и уредување на лавиринтот и останатите зелени содржини во паркот.

Продолжено дејствуваме за уредени паркови и зеленила низ градот за пријатен престој на посетителите.

Share