– Денешните активности на екипите во сите реони низ булеварското зеленило и парковите вршеа машинско косење на трева и собирање откос, собирање отпадоци од тревните површини, чистење површини од шут и дување со дувалки на откос од патеките, како и  утовар на откосната маса. Косење на  тревни површини се изврши во реоните и тоа: булeвар Србија, Центар, Јане Сандански, Драчево, Аеродром, Ректорат, 11Октомври, Бутел, Чаир, Топанско поле и Автокоманда. Активностите на косење се реализираа и во реоните Рајски парк,Ново Лисиче,Реонски Центар и Аеродром, каде се собраа хартија и отпадоци на површина од 182 000м² и се собра трева и лист на површина од 16.000м². И во реон Чаир, екипирано се средуваше зеленилото со косење на трева, собирање на лист, како и припрема на цветните површини.

– Се садеше есенски цветен расад од видот хризантема, љубичица, бела рада, силене и декоративна зелка во цветните леи во реоните Аеродром, Кеј, Ректорат, Автокоманда, Кале и Капиштец. На булевар Јане Сандански во веќе формирана конструкција од цветна фигура Штрк, се засади сезонски цветен расад.

– Исто така, теренските екипи продолжија со косење на зеленилото и уредување на вегетацијата на дел од минор и мајор корито како и патеките на кејот по десното течение на Вардар на потег од пешачкиот мост во Градски парк кон паркот на Франкофонијата.

– Во Градскиот парк се чистеа асфалтните и песочните патеки, се собира хартија, лисја отпадоци. Се изврши и косење тревна површина, собирање откос и утовар. Исто така, се засади сезонски цветен расад во првиот дел во паркот.

– Екипите на Секторот Дрвореди по решение од Секторот за Комунални работи на Град Скопје вршеа кастрење на три липи на ул.Франце Прешерн бр.39, на ул.11 Октомври бр2/3 кроење на едно дрво, на ул.Анастас Митрев бр.24 кроење на две дрвја, на ул.Васко Карангеловски бб кроење на една врба и на булевар Јане Сандански бр.5 кроење едно дрво.

Share