Денеска започнавме акција за чистење и уредување на зеленилото на бул. М. Т. Гологанов.
Реонски организирано, по должина на средишното и странично зеленило на булеварот, вршиме косење на трева, собирање откос, отстранување на дивоизрасната вегетација, собирање на хартија и отпадоци и утовар во камион.
Оперативните работни задачи се одвиваат етапно според планираните приоритети и истите ќе продолжат и наредните денови.
Периодов активно работиме на уредување на булеварското зеленило на сообраќајниците во градот.
Share