Во летното украсување на градот со сезонски цветен расад ги уредивме и цветните површини низ општина Бутел.
Теренските екипи изминативе денови со цвеќе од видот бегонија, каранфилче и агератум ги разубавеа цветните фигури и леи на булеварското зеленило кај кружниот тек во реон Бутел.
Покрај активностите на садење цвеќе, се извршија и редовните активности за целосно одржување на постоечката вегетација на тој дел од зеленилото.
Share