Освен што редовното косење на тревата го подобрува визуелниот изглед на парковите и создава убава атмосфера за посетителите, косењето исто така го стимулира растот и регенерацијата. По косењето, тревата има можност за подобра апсорпција на сончевата светлина, што ја подобрува фотосинтезата и растителниот раст. Ова помага во одржување и проширување на тревната површина во паркот.
Денешните активности на косење успешно ги извршија и теренските екипи од Рајски парк во општина Аеродром.
Share