Потребата од преземање на мерки за спречување на аерозагадувањето, особено во овој период од годината е неминовна, особено во големите градови. Секако, согласно можностите, претпријатието работи на подобрување во оваа насока. Така, изминатиов период во сите пунктови во градот  се изврши замена на постоечките грејни тела на дрва  со поставување на нови грејни тела на природен гас како алтернатива за затоплување на пунктовите. Имено, онаму каде нема приклучок за електрична енергија се поставија грејни тела – плински печки и тоа во реоните: Чаир, Бутел, Јане Сандански, Ново Лисиче, Кисела Вода, Карпош 4, Капиштец, Центар како и Ректорат, додека пак онаму каде што има електричен приклучок се поставија грејни тела електрични печки и тоа во реоните: Рајски парк, Аеродром, Карпош 3, Кале, Дрвореди и Механизација. Поставување на нови грејни тела во преостанатите неколку пунктови ќе продолжи  во наредниот месец со што комплетно ќе бидат заменети сите печки на дрва.

Share