Поради најава на силно невреме нашите теренски екипи од сите пунктови, заедно со останатите градски претпријатија, денес работат на расчистување на гранки, лисја, откос и отпадоци покрај булеварите и главните улици, со цел спречување на застој на вода околу сливниците.
Поради можноста за појава на интензивен пороен дожд, силен ветар над 70 км/h и појава на град ги молиме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата и да не излегуваат без потреба на отворено, за да се избегнат несакани последици.
Нашите екипи во текот на денот ќе бидат организирани во дежурни тимови, подготвени да интервенираат.
Во случај на паднато дрво ве молиме пријавете во ЦУК на бројот 112.