Деновиве, во тек се активности на садење нов цветен расад, низ зелените површини во градот. Екипите работат на промена на летниот цветен расад со зимски – сезонски цветен расад, од видот: хризантема, декоративна украсна зелка, виола и бела рада.

Со ова садење ќе се опфати уредување на цветните леи и фигури низ јавните зелени површини, парковите и булеварското зеленило, во кои ќе се засадат околу 300 000 цвеќиња. Ова се дел од планираните тековните активности на екипите за одржување и уредување на градското зеленило.

Share