Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај, со реализација на мега парковите, нови зелени површини и садници, реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот. Заштитата и зачувување на животната средина значително ќе придонесе за повисок квалитет на живот во нашето Скопје.

Затоа оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно:

38.539 м2 нови зелени површини

76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило

724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад

На 10 паркови локации поставени нови елементи од дрво, видиковци и реквизити изработени од природни материјали, паркови за миленици, реквизити за деца

Имплементирани активности во согласност со Посебниот план за заштита и уредување на Парк шума Водно

За прв пат по цела деценија темелно чистење и партерно уредување на 126.000 м2 на кејот на Вардар

Ја отпочнавме изградбата на првиот Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров

Продолжуваме посветено за поубав град за сите нас

#ЗаМодерноСкопјe

ВИДЕО

Share