Денес директорот одржа состанок со раководителите на сите реони на претпријатието во градот. Со инжиниерите и техничарите од Секторот Градско зеленило, а во пресрет на пролетните денови, на состанокот се разговараше за состојбата на теренот низ јавните зелени површини во градот, како и за сите активности кои се одвиваат за  тековното одржување на  зеленилото. Исто така, на состанокот се потенцираа и проблемите и предизвиците на кои наидуваат работниците, каде се споделија идеи и предлози за зголемување на квалитетот и ефикасноста во работата.

Share