Примула е помеѓу првите цвеќиња што цветаат уште пред пристигнувањето на пролетта. Името доаѓа од латинскиот збор „primus“, што значи „прво“. Поради оваа етимологија примулата може да ја гледаме како претставник на младоста, почеток на нова фаза и долговечност. Исто така нејзините цветови се сметаат како холистички симбол на женственоста, каде што секој лист од цветот претставува различна фаза од животот на жената. Примулата ја најавува пролетта и има значење слично како на жена која носи ново битие на свет.

Се вели дека овие цветови шират позитивни вибрации наоколу и носат радост и среќа, а симболизираат и грижа, заштита, чистина, чесност и безусловна љубов.

Овие цветови имаат и медицински бенефит. Во средниот век примулата се користела и за лекување на реуматизам и костобол. А нејзините коренчиња се употребуваат како лек за мигрени и главоболки.

Share