Во населбата Автокоманда на улицата 16-та Македоска бригада периодов се изврши обновување на паркот „Скулптура“. Во паркот кој е со површина од 4.200 квадратни метри се изврши целосно обновување на јавниот простор. Се работеше на комплетно уредување на површината, каде што при уредувањето  се извршија повеќе интервенции на целата вегетација, при што се засадија нови садници. Се изврши и нанесување на  високо квалитетна почва, се оформи тревник со систем за полевање, хидранти и прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на новото зеленило. Целосно обновениот парк „Скулптура“ е од исклучително значење за граѓаните од овој дел од општината Гази Баба, со што сите посетители ќе имаат уреден простор со зеленило за одмор и рекреација.

Share