Нови детски реквизити, нови декоративни мовчиња, павилјони, видиковец за одмор и релаксација, корпи за отпадоци сè парковските елементи кои екипите периодов ги изработија и поставија на Средно Водно. На оваа локација покрај наведените активности се изврши и реконструкција на постоечките парковски клупи и маси. Наменети за посетителите, изработувањето и одржувањето на урбаните парковски елементи низ вонградското зеленило се содржини кои редовно ги извршуваме. Во склоп на тековните активности екипите извршија и чистење на сливниците – риголите од Средно Водно надолу низ парк – шумата, за непречено слевање на атмосферската вода.

Воедно, апелираме до сите посетители на парк-шумата да внимаваат и не ги уништуваат урбаните парковски елементи.

Share