Она на што во овој период се фокусираме е токму уредување на јавните зелени површни и животната средина. Во планираните активности кои во моментот ги започнавме на неколку локации низ градското зеленило, е и уредувањето на зелениот коридор на улица „Бутелска“. На отпочнувањето на активностите на терен, зaедничка работна средба остварија директoрот Сотировски заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По налог на Град Скопје, теренските екипи започнаа со реализација на уредување на зеленилото на површина од 1.496м², каде што активностите ќе се одвиваат во неколку фази. Акцијата за хортикултурно уредување долж улицата ќе опфати обновување и подигнување на нова тревна површина а исто така, овој простор ќе се облагороди со нови зимзелени и листопадни садници и ќе биде урбан модерен парк и вистинско место за одмор за граѓаните.

Во оваа прилика исто така, директорот Сотировски, градоначалничката Арсовска и градоначалникот Костовски го посетија расаданикот Бутел на Флораком Дооел и разменија мислења за насоките и плановите за производството на расадникот.

Share