Врз основа на мониторингот извршен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, од  47 веб страници на јавни претпријатија и установи, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје е  рангирано  со највисока оценка со што е најтранспарентно јавно претпријатие, заедно со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и ЈП „Комунална хигена“ – Скопје. Тоа е уште една потврда на нашите заложби и приоритети  во процесот на транспарентност на нашата работа и услуги кон граѓаните. Исполнувајќи  ја  законската обврска за објавување на информации согласно нашите  надлежности како претпријатие  наша заложба е да ги унапредиме  услугите кон граѓаните навремено и целосно  ажурирајќи ги потребните категории на информации. Продолжуваме и понатаму да работиме за да овозможуваме и помагаме во полесен пристап на услугите вршејќи ја својата функција како прв информатор за граѓаните.

Share