Уредувањето на зелените површини е дел од програмските активности на кои екипите изминатиов период работат според утврдениот план за работа на повеќе локации низ градот. Една од наведените локции е и  јавната зелена површина на кеј Димитар Влахов во близина на Државна комисија за спречување на корупција. Со вкупна површина од 3244м2 јавната површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. Реализацијата на уредувањето на површината опфаќа неколку етапи кои се поврзани, започнувајќи со расчистување и средување на постоечката вегетација и површина, прекопување и отстранување на површинскиот слој, нанесување на површината со квалитетна почва, рамнење на почвата, спроведување на систем за полевање, подготовка на почвата за садење на дрвја, садење на вегетација и формирање тревник. На локацијата со ова изведбено решение предвидено е садење на зимзелени и листопадни садници и грмушки. Планирано е садниците да бидат на просторот парцијално распоредени,  каде што ќе се овозможи пријатен престој за посетителите. Целината на зелената површина ќе биде уредена и со листопадни садници кои ќе формират дрворед. Покрај пешачките патеки ќе има комбинација од зимзелени и листопадни дрвја.

Share