Поради екстремно високите температури кои периодов е зафатено подрачјето на  град Скопје и земјава, а со тоа и зголемениот ризик од пожари, Град Скопје со Одлука на Владата на РС Македонија од денес 03.08.2021година воведе целосна забрана за движење на парк-шумата Водно и Скопска Црна Гора.

Оттука, АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани да ја почитуваат забраната за движење низ парк-шумите и шумските подрачја, поради заштита на личната безбедност и евентуално ширење  на пожари, и доколку забележите пожар веднаш да пријавете на Противпожарната бригада на телефон 193 или во Центарот за управување со кризи на телефон 195.

Share