Зголемениот број на велосипедисти низ градот, е од особено значење како од аспект на поединецот, така и во придобивките на зачувување на животната средина, каде како ЈП даваме целосна поддршка.Токму за таа цел, како општествено одговорно претпријатие, денес екипите од Секторот Дрвореди извршија кастрење на гранки врз вело патеките. Акцијата на кастрење на дрворед се одвиваше низ целиот булевар Партизански одреди, на потег од Соборниот храм до порта Влае. Со акцијата беа опфатени гранките врз пешачките и велосипедските патеки, како и автобуските постројки, овозможувајќи поголема прегледност и безбедност во движењето и сообраќајот.

Share