Есента е периодот кога му даваме нов изглед на градот. Активностите за садење дрвја започнаа и ќе продолжат во сите реони на градот Скопје.

Директорот Муамер Сефери се приклучи на екипите на терен, бидејќи грижата за зеленилото бара континуирана посветеност и заедничка работа. Секое засадено дрво е нов придонес за позелено Скопје и подобра иднина на нашиот град.

Share