Оперативните служби на ЈП „Паркови и зеленило“, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, работат на уредување и одржување на просторот долж целиот бул. „3-та Македонска бригада“.
Се врши кроење на вегетацијата покрај пешачките патеки, косење на тревните површини, собирање на искосената трева и оформување на рабовите на тревниците.
Паралелно, се собираат хартија и отпадоци и се врши чистење на булеварот.
Активностите се реализираат како дел од подготовката и уредувањето на просторот пред одржувањето на маратонот.