За поуреден јавен простор спроведуваме активности на обновување на дел од урбаните елементи во центарот на градот.
Со соодветни препарати за заштита и одржување, деновиве нашите екипи извршија бојадисување на клупите на плоштад Македонија во центарот на градот, со што се подобрува изгледот и уреденоста на просторот, придонесувајќи за попријатна средина за сите граѓани.