Денеска теренските екипи спроведуваат редовни активности за одржување – косење на тревните површини, уредување на средишната лента, одржување и наводнување на цветните насади, како и собирање хартија и отпадоци.
Расцветаните цветни површини му даваат посебен шарм на просторот, внесувајќи боја, свежина и пријатна атмосфера во градот.