По повод почетокот на пролетта, денес, во посета на претпријатието, во производните расадници на Флораком ДООЕЛ, се дружевме со дечињата од ЈДГОА „Срничка“ – Скопје.
Дечињата ги пречека в.д. директорот Муамер Сефери, заедно со управителот Зелкиф Топојани.
Во атмосфера исполнета со радост и насмевки, учејќи како да садат цвеќе и како да се грижат за растенијата и животната средина, еко-часот го надополнивме со прошетка и увид низ производните расадници и капацитети на сезонски цветен расад.
Во знак на благодарност, еко-едукацијата ја заокруживме со пораки од дечињата и една заедничка фотографија, како мотив за идни дружења
Share