Липата (lat.Tilia) е атрактивно дрво со голема крошна и идеално за урбани средини бидејќи е толерантно на различни услови вклучувајќи ја и загаденоста на воздухот. Во Скопје се застапени сребренолисната липа (Tilia tomentosa) ситнолисна липа (Tilia cordata) и крупнолисна липа (Tilia platyphylls). Ова дрво може да живее по неколку стотици години и да достигне висина од 20-40метри. Липата како најзабележително листопадно дрво препознатливо е според листовите во форма на срце, неговата крошна која е заоблена и доста широка. Цвета во пролет-лето, почетокот на месец Јуни, а цветовите се со прекрасен мирис, кои испуштаат таканаречен леплив секрет – медена роса. Познатиот чај од липа кои е доста корисен при настинка и грип. Истиот има седативно дејство, и благородно делува на кардиоваскуларниот систем, крвта, и особено се користи кај лица кои страдаат од анемија.

Share