Продолжуваат активностите за редовно одржување на градското зеленило на повеќе локации низ Скопје. Екипите секојдневно се на терен и работат согласно потребите, при што се врши собирање и отстранување на паднатите гранки, расчистување на зелените површини и нивно тековно одржување. Активностите ќе продолжат секојдневно и во наредниот период, сѐ до целосно расчистување и уредување на
Во непосредна близина на градот го имаме мега-паркот Даме Груев кој како зелена оаза е пријатно место за одмор и релаксација овие летни денови. Уредената вегетација, садниците и цвеќињата даваат убавина на паркот за кој се задолжени нашите екипи, реализирајќи ги секојдневно потребните работни активности за негова грижа.
Благодарејќи на ангажманот на оперативните служби од реон Сарај, овој парк е секогаш уреден и чист.
Денес оперативните служби вршат машинско косење и расчистување на кејот на реката Вардар, од десната страна по течението. Ова е дел од тековните активности за уредување на зеленилото во градот, според претходно утврдениот план и програма за работа.