Продолжуваат активностите за редовно одржување на градското зеленило на повеќе локации низ Скопје.
Екипите секојдневно се на терен и работат согласно потребите, при што се врши собирање и отстранување на паднатите гранки, расчистување на зелените површини и нивно тековно одржување.
Активностите ќе продолжат секојдневно и во наредниот период, сѐ до целосно расчистување и уредување на сите површини каде што е потребна интервенција.
Share