Екипите од сектор Дрвореди денес на улица Чаирска, во реонот Топанско поле работеа на кастрење на гранки. Со соодветна механизација екипите ги отстранија надвиснатите гранки кои попречуваа на движењето на автобусите и видливоста на дел од сообраќајните знаци.
Теренските екипи од денес, започнаа со ноќно полевање на тревните површини и садниците низ градското зеленило. Согласно летниот распоред на активностите, и високите температури, наводнувањето на зеленилото ќе се одвива од навечер 22:00ч. до 6:00ч наутро, со рачно полевање, прскалки и систем капка по капка.
Во склоп на денешните активности на делови од градското зеленило, нашите теренски екипи извршија садење на цветен расад, како и полевање на јавните површини.