Пејзажот низ јавното зеленило периодов го дополнуваме со новоуреден цветен сезонски расад на цветните фигури и леи на повеќе локации низ градот.
Денес се работеше на уредување на зеленилото во Општина Чаир. Директорот Јетон Буќи заедно со менаџерскиот тим на претпријатието беа на терен одблиску да ги следат работите што се одвиваат во одржување и уредување на зелените површини и грижата за чиста и зелена општина.
Со нови садници од видот каталпа го уредуваме парковското зеленило во Рајски парк.
Припрема за есенско садење на млади садници во Рајски парк, населба Ново Лисиче.