Денес, утрово екипите при вршење на работни активности и рутинска проверка низ Паркот на природата Гази Баба, забележан е уништен парковски елемент.  Се работи за  летниковец, со целосно уништени и скршени столбови, каде истиот  е  видно оштетен. Ова е уште еден чин на несовесено и вандалско однесување.  Исто така, ваква постапка на уништени парковски клупи и маси, деновиве беше забележана и во парк-шумата Водно. Ваквата слика говори за неодговорност  кон природата, а и кон самите себе.  Како Јавно претпријатие со сиот капацитет, овие парковски елементи ги поставуваме токму за посетителите, но сепак, новното одржување и зачувување е подеднаква одговорност на сите нас.

GaziB1
Share