Денес, утрово екипите при вршење на работни активности и рутинска проверка низ Паркот на природата Гази Баба, забележаа уништен парковски елемент. Се работи за летниковец, со целосно уништени и скршени столбови, каде истиот е видно оштетен. Ова е уште еден чин на несовесено и вандалско однесување. Исто така, ваква постапка на уништени парковски клупи и маси, деновиве беше забележана и во парк-шумата Водно. Ваквата слика говори за неодговорност кон природата, а и кон самите себе. Како Јавно претпријатие со сиот капацитет, овие парковски елементи ги поставуваме токму за посетителите, но сепак, нивното одржување и зачувување е подеднаква одговорност на сите нас.