Информација до јавноста дека на 8 и 9 октомври (сабота и недела), наши екипи на бул. 8 Септември во близина на Факултетот за драмски уметности, ќе вршат интервенција на отстранување на две дрвја, по издадено Решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје. Се работи за дрвја со висина од 35 метри и претставуваат голем ризик и опасност од паѓање. Настанот е пријавен во СВР при што од 8:00 до 14:00ч. сообраќајот од семафорите на булевар Илинден до семафорите на булевар Партизански Одреди во двете насоки ќе биде регулиран. За целосно реализирање на акцијата, екипите од сектор Дрвореди, ќе интервенираат заедно со Територијалната противпожарна бригада со противпожарно возило со корпа со висина од 27 метри. Исто така, во акцијата ќе учествува и екипа од ЈП Градски паркинг со возило за овозможување за непречено паркирање на возилата што ќе ја вршат интервенцијата кај улицата Руѓер Бошковиќ, во близина на бул.8 Септември. Акцијата ќе се спроведе во соработка со општина Карпош, од чија страна исто така ќе биде ангажирана екипа од работници и возило за утовар.

Share