Новите зимзелени садници даваат свежина на просторот каде денес нашите екипи ги засадија во жардиниерите на главниот плоштад во центарот на градот.
Покрај ова хортикултурно уредување, тековно извршивме и собирање на лисја, хартија и отпадоци низ повеќе делови на зелените површини во Центар со товарање на собраната маса во камион на кејот на Вардар, плоштадот како и парковите.
Во континуитет настојуваме заложбите за уредени и чисти површини да ги реализираме низ сите реони на градското зеленило.
Share