На ниво на меѓуинституционална соработка в.д. директорот Муамер Сефери оствари средба со градоначалничката на општина Кисела Вода, г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкоска.
Отворениот дијалог се одвиваше во насока на взаемна соработка во областа и дејноста за зеленилото и одржувањето на јавните зелени површини низ општината, при што беа договорени конкретни активности за периодот што следи. Планираната акција е предвидено да започне од наредните денови во согласност со временските услови. Со акцијата на терен ќе се врши интензивно чистење и уредување на парковското и булеварско зеленило и останати јавни зелени површини низ целата територија на општината. Ќе се опфати собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, и уредување на јавните тревни површини.
Заедничката цел за почисти и уредни зелени површини е зацртана насока на двете институции, посочувајќи таа да продолжи и во наредниот период.