Ги демантираме наводите во денешната објава на фејсбук страницата на општина Центар, каде се вели дека општината излегла пресрет на претпријатието и го отстранила паднатото дрво во кругот на Клинички центар.
Ја информираме јавноста дека расчистувањето на паднатите дрвја во кругот на Клиничкиот центар, на булевар Св. Климент Охридски како и на останатите локации во општината каде што последниве денови имаше паднати дрвја , го извршија екипите на претпријатието.
ЈП Паркови и зеленило, во рамки на своите можности, вложува максимални напори за средување на дрвјата во градот, но при појава на невообичаено силен ветар и невреме се случува да паѓаат и сосема здрави дрвја.
Нашите екипи се присутни на терен од почетокот на невремето и ќе продолжат со отстранување на последиците се до целосно расчистување на градот.
Share